Добивај вести на Viber
Во текот на утрешниот ден(15 август) без електрична енергија ќе останат корисниците во дел од Карпош, Ѓорче, Сарај и Шутка, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Според соопштението од ЕВН Македонија, поради инвестициски зафати во мрежата, во периодот од 9 до 15.30 часот, струја ќе немаат корисниците на дел од улицата Скупи во општина Карпош, како и корисниците од дел од селото Никиштани. Од 09.30 до 12 часот, струја ќе нема на улицата Варшавска во Карпош.
Прекин на струјата од 10 до 15 часот ќе има во дел од селото Сарај, поточно улиците со броевите 3, 5 и број 20 во овааа општина. Од 9 до 12 часот, прекините се планирани за корисниците од дел од улицата Вашингтонска во општина Шуто Оризари.
Во периодот од 12:00 до 15 часот корисниците од дел од улица Морава во општина Шуто Оризари исто така ќе бидат без електрична енергија.