19 Мај, 2024
0.0271

Делта Холдинг сака да го развие запоставениот исток, Мишковиќ пречекан како Тито

Објавено во: Економија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Делта Холдинг во сопственост на најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ  започна кампања за економско-финансиски развој на најисточниот крај на Србија, за кој смета дека е најнеразвиен регион во земјата. „Фактор“ одблизу се запозна со плановите на српскиот милијардер, но и од она што до сега неговата компанија го има направено со цел да го спречи иселувањето на младите од таму. Мишковиќ вели дека тоа е регионален проблем, па затоа треба да се инвестира во краевите каде што песимизмот е најголем, но и да се пренесе знаење кое ќе им помогне на младите да останат дома.

- Досега имаме заработени две милијарди евра од сите бизниси кои ги имаме продадено. Тие бизниси сега работат рентабилно,  а оние пари кои ги добивме ги реинвестираме во други дејности, вели милијардерот пред самата обиколка. 

Голем дел од овие пари му се од продажбата на Делта банка, бизнисот со осигурување, малопродажбата, односно ланецот „Макси“ и Делта сити центрите во Белград и Подгорица. Мишковиќ вели дека неговиот холдинг сам обезбедува финансии за 15 старт-апи кои ќе се пријават еднаш годишно, а исто така има и конкурс за млади лидери кои ги вработува и им овозможува да напредуваат без да ја напуштаат земјата. Само во Делта Аграр има четири компании, меѓу кои е и познатиот „Јухор“, а оваа дејност последната година имала раст од 7 отсто и 236 милиони евра приходи, односно 17 милиони евра добивка. 

- Ние произведуваме 7,5 тони пченица по хектар, а просек во Европа е 5 тони по хектар. Пченката и сојата ја произведуваме повеќе од просекот на САД, каде патем се користи ГМО-методот, 

Делта Аграр има ексклузивна лиценца да произведува клупски сорти на јаболка на Балканот како Pink Lady, modi, Red Moon, Evelina, Ruben и други, а главно ги извезува на рускиот пазар и во земјите од ЕУ. За 30 отсто се поскапи од конвенционалните сорти, а некои дури и двојно. Следни дестинации кои холдингот на Мишковиќ сака да ги освои се Лондон, Катар и Емиратите.

Мишковиќ тврди дека неговите 20 илјади свињи го држат рекордот во Европа со просек од 18,2 прасиња по опрасување, што е подобро од просекот на Топ-25 најдобри фарми во Европа. Неговата цел е до 2022 фармите да работат целосно под смарт-технологија.

Зорана Бурлиќ, една од неговите диркетори-асистенти, вели дека недвижностите се оние кои го остваруваат најголемиот приход на Делта Холдинг, но приклучок зема и аграрот. Тука се и трговските брендови кои Делта ги застапува. Тврди дека само од винаријата „Тиквеш“ успеал да направи раст на продажбата од 6 отсто на 21 отсто во продажната структура на српскиот пазар.

Поседува по еден мол во Беград, Варна и Љубљана, каде што го има и хотелот ИнтерКонтинентал, од кој годишно остварува два милиони евра чиста добивка. Во Белград покрај бизнис-центар, поседува и хотел, а во моментов таму се гради уште еден мол, хотел и управна зграда. Има планови за уште еден трговски центар од затворен тип во Ниш и хотел во Љубљана.

Мишковиќ тврди дека не се само милијардите кои го интересираат, туку и општествената одговорност, па затоа ја има и Делта фондацијата, чиј последен проект е „Наше Село“ во околината на Зајечар, односно најисточниот дел од Србија. Целта е да му се помогне на селата во околината како што е Мала Јасикова, типично рурално место јужно од текот на Дунав. Таму Мишковиќ беше пречекан како „спасител“ на регионот.

- Сакам тука да се живее како во селата од Западна Европа. Во наредните 15 години ќе исчезнат 1.200 српски села, 430 веќе немаат продавница, а 230 се без училиште. Затоа ние нудиме бескаматно кредитирање, но и развивање на културно-забавниот живот, бидејќи парите не се единствената причина што луѓето се иселуваат од селата, тврди тој.

Мишковиќ, кого учениците од руралното училиште го пречекаа со посебна забавна програма во културниот дом, вели на 40 домаќинства од ова село им помогнал да дојдат до бескаматни кредити, наместо тоа да го прави Владата, а училиштето „Јован Јовановиќ Змај“ кое помогна сега да се реновира, не било реконструирано од 1939. Размислува во ова село да дава парична награда за секое новородено дете.

- Селата исчезнуваат и имаат се помалку деца. Тоа е така затоа што се обраќа многу малку внимание на овој проблем. Имаме пари за се и сешто, а не за селото, додека се даваат стотици милиони евра за странски инвеститори.Тука сме да помогнеме и да покажеме како треба да се развива едно село. Најголем проблем е знаењето. Приносите бараат знаење. Но Делта не може да ја покрие целата земја и да биде насекаде. Го поканив министерот за образование да дојде заедно тука на приредбата, но од таму ни писмо не ми напишаа, рече бизнисменот пред насобраните присутни, а потоа посети едно домаќинство  Пред домаќините кои поседуваат шест крави и 80 овци рече дека се радува што нивните потомци се вратиле од град во обид тука да основаат семејство. 

Од вкупно 200 хектари земјиште, холдингот на Мишковиќ нешто повеќе од половина поседува во Зајечар од 2016 со клупски сорти на јаболка, азиски сливи кои имаат принос од 50 тони по хектар, грозје без семки, посебни цреши чиј систем на заштита чини 100.000 евра, па дури и плочкасти праски за кои неговите стручњаци велат дека се јадат полесно од оние со класична форма.

- Јаболките може да се чуваат и да се извезат дури после еден месец. Тие се глобален производ и ние тежнееме да ги освојуваме пазарите во Русија и ЕУ. Лиценцата за клупските сорти на јаболка ја имаат претприемачи од 34 земји, а ние ја добивме пред оние од Германија и Шведска. Нам ни е јасно дека денешните купувачи се размазени и поради тоа автохтоните сорти паѓаат во продажба. Инвестирано е во заштитни мрежи од град и птици, систем за наводнување, машини и се она што може да допринесе во што е можно повеќе и поквалитетен принос, вели Зоран Џогиќ, главниот агроном од овоштарникот.

Џогиќ додава дека овоштарникот има најсовремена технологија како детектор за паднати цреши, метеоролошка станица, инструмент за мерење на влагата на земјата, филтер станица за вода која може да работи и преку мобилен телефон.

На фармата за овци во овој крај компанијата на Мишковиќ поседува 2.700-тини, а целта е да се достигне до 6.000, додека на фармата за свињи се оплодуваат 35.000 прасиња годишно. На истата постои лабораторија за квалитетно семе, а рекорд на опрасување е 33 прасиња одеднаш. Овците се оплодуваат синхронизирано со хируршко уфрлување на семе и три пати годишно.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа