19 Мај, 2024
0.0259

ДЕМАНТ на ТТК Банка за дивидендата исплатена на Тетекс

Објавено во: Економија 11 Август, 2014

Добивај вести на Viber

ТТК Банка до редакцијата на Фактор испрати демант на дел од податоците содржани во текстот ‘’Само дивидендата од ТТК Банка го држи Тетекс во добивка’’. Демантот го објавуваме интегрално: „Врз основа на законската регулатива за јавно информирање, а во интерес на правилно информирање на корисниците на Вашите информации, поврзани со текстот под наслов ‘’Само дивидендата од ТТК Банка го држи Тетекс во добивка’’, објавен денес, 11.08.2014 година, од страна на авторот Р.Ф. дозволете да побараме од Вас на соодветен начин да објавите наш демант на податокот, содржан во текстот, кој се однесува на износот на исплатената дивиденда од страна на ТТК Банка АД Скопје на акционерот Тетекс АД Тетово. Во текстот стои дека ТТК Банка АД Скопје на акционерот Тетекс АД Тетово му исплатила дивиденда во износ од ’’82,3 мил. денари’’ што не е точно. ТТК Банка за 2013 година исплати дивиденда за своите акционери во вкупен износ од 21,8 мил. денари и во тие рамки на најголемиот акционер во Банката му припадна дивиденда во износ од ‘’8,38 мил. денари’’. Со оглед дека овој износ преставува дури 10 пати помал износ од споменатиот во текстот, кој пак е основа за главниот коментар на авторот Р.Ф., а кој не е вистинит, останува понатаму на корисниците на Вашите информации да ги анализираат деталите и целината на објавената анализа и како понатаму ќе ја користат. Со оглед дека ТТК Банка АД Скопје е компанија која котира на Македонската берза и за која јавно се објавуваат финансиските податоци за нејзиното работење во законски утврдените рокови, овој демант има за цел да спречи погрешен јавен впечаток за било кој потенцијален инвеститор во Банката како котирана компанија“, стои во демантот кој стигна до нашата редакција. Порталот Фактор изврши корекција на споменатиот текст и се извинува за сите можни настанати забуни.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа