19 Мај, 2024
0.0292

ДЕМОНТАЖА НА ОГРАДАТА СКАПА 700 илјади евра: СДСМ се обврза, Заев ќе ја отстрани оградата околу владината зграда

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Она што го најавуваа додека беа опозиција , од СДСМ изгледа ќе почнат да го спроведуваат уште денес.

Владата на Заев има намера да ја урива оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, пренесоа дел од медиумите кои се повикуваат на извори во новата влада.

Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија „Бауер БГ“ и истата однесе 700 илјади евра.

Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште не денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди како е изградена и на кој начин ќе се демонтира оградата.

Целта на Заев била околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени се додека не се отстрани оградата.

СДСМ имено, јавно се обврза дека кога ќе дојде на власт ќе ја отстрани оградата.

„Никола Груевски се оградува од народот, од граѓаните. Барокната ограда од ковано железо е најголемиот симбол на неговиот страв. Тој се плаши од револтот кај граѓаните коишто не сакаат нечесни политичари. Груевски се плаши од одговорност за криминалот, корупцијата, за сите злоупотреби во изминатите 9,5 години, за се она што се потврди со доказите од проектот „Вистината за Македонија“ – рече Шилегов во септември 2015.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид