20 Април, 2024
0.0308

Ден како година

Објавено во: Колумни 21 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Многу долго се чудев на често слушаната изрека –ден како година,што отприлика требаше да значи толку бавно ми минува времето како што минува и годината.

Како си минуваат годините ја сватив вистинската порака –ако не знаеш да си го планираш времето денот никако не ти поминува(уште повеќе кога време имаш на претек-стануваш рано уште пред петлите и пред тебе е цел ден .....)и така со денови.Но, токму синоќа околу полноќ настапи летото со првиот ден најдолг во годината.А мене токму на овој ден на престапната 2020 ме асоцира на еден филм од минатото на генерацијата која до изнемоштеност одеше у кино и гледаше филмови од различен репертоар-каубојски,љубовни,гангстерски,музички,филмови со мечување,тепачки,детски....па и меки порниќи,зошто да не!

Станува збор за филмот Најдолгиот ден што го гледавме како гимназијалци во кино Вардар.Снимен по повод истоварувањето на американците на бреговите на Нормандија пред крајот на втората војна.Невидена атракција од филм-список на глумци до бескрај,на чело со Џон Вејн,многу статисти и техника и бродови,а во неизбришливо сеќавање останува тонот.Под седиштата беа(најверојатно

Монтирани) голем број звучки пуштени на најјако,така што впечатливо и многу гласно покрај сликата на широкото синемаскоп платно слушавме заглушливи пукотници и татнеж на бомби и брмчење на воени возила и авиони.Седевме како заковани на седиштата и подзинати....а кога сме кај летото останува за сеќавање Долго топло лето со Пол Њумен и Џоан Вудворд,па и Орсон Велс,за подоцна американците да снимат и серија што беше многу гледана.Во Скопје дури досетливата Вида тровачица отвори кафанче Бен Квик што се наоѓаше на улицата околу 12 колосек...

 Не се малку луѓе што скопјани ги врзуваат и со постојана посета на кино претстави(имаше кина колку сакаш,а репертоар за секого).Имаше денови кога со другарите по неколку пати дневно одевме у кино,а се зависеше од состојбата на џебот-празен или полн со монети од последната фанта-зависи ос денот а и од другите мајстори на играта на линија и кладба.

Бал на вода беше филм што се гледа повеќекратно....познавав луѓе што ја гледале Естер Вилијамс-без да знаат дека таа (како и тарзанот Џони Вајсмилер)се олимписки пливачи).Многу подоцна во радиото каде што го поминав целиот работен век да дознаам дека Шпато и компанија  ја симнале музиката на Хавиер Хугат и Глен Милер преку ноќ за да се најде на репертоарот по игранките како невиден рок што го играле двојките на радост на кибицерите и дунстери за плес.

У кино се одеше фамилијарно у недела навечер или така некако.....се сеќавам дека со старите го гледавме Поп Ќира и Поп Спира на Соја Јовановиќ со Ѓуза Стојиљковиќ и Слободан Перовиќ, но и Мис Стон,а најголем впечаток сепак ми остави Патека на слоновите(можеби поради младата и преубава Лиз Тејлор,а и поради громадните животинки што дебар маалци ги знаеја од золошка каде што ги имавме првите часови по пушење норд цигари но и на таканаречени мајмунски цигарети од здробен сув материјал на некакви  мешункасти плодови што ги имаше во изобилство.....

А за каубојските филмови што да се каже.....ги гледавме сите по ред како кој ќе дојдеше и ако можевме да дојдеме до карта(зашто Чамуга,Невзат и компанија ги купуваа сите и потоа ги шиткаа и затоа беа шиткачи под водство на Џемс што во бело одело седеше пред Пелистер)....може ли да се заборават,на пример Гари Купер и Грејс Кели од култниот Точно на пладне,Скршена стрела,Апачи,па Последниот Мохиканец ......се до недоглед до шпагети вестерните со Џанго и компанија.....

Се сетив на еден Џанго кого у 14-ка го фати контрола без карта,а тој упорно му повторува на лошиот познат уште како кондуктер на Пионерското вовче- Џанго не вади карта....на крајот завршуваме во полициската во Карпош, а Џанго ја завршува реченицата Џанго не вади карта Џаанго има месечна што триумфално ја покажува со громогласно смеење на патниците уморни од долгото стоење или вртење кругови по корзо.....

Ту никако да мрдне саатот на овој најдолг ден во годинава.......Ден година ќе речеше татко ми Ѓорѓија(да го спомнам пошто не бев од познати причини на Задушница да му оддадам почит !!!!!!

Мојсо Мојсовски 


Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок