Ден на семејството во Бимилк: дружење и детска радост со млечни задоволства
Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2023 14:51
Бимилк како реномирана компанија со долгогодишна традиција во производство на млеко и млечни продукти, беше домаќин на одличен настан, посветен на Денот на семејството, со што ја покажа својата посветеност на семејните вредности. Во прекрасниот амбиент на дворот на својата компанија во Битола, водени од слоганот „Секогаш во кругот на семејството“, овој незаборавен настан се случи денес, а ќе се памети долго кај присутните.

Повеќе од 100 деца, деца на вработените во Бимилк, ученици и наставници од Италија, Франција, Грција кои се гости на основно училиште „Даме Груев“, со многу насмевки и безгранична возбуда уживаа во организираниот пикник. На овој ведар собир се приклучија и специјални гости од СОС Детското село, организација посветена на поддршка на децата без семејства, кои долги години го негуваат чувство на припадност и љубов, а Бимилк е компанија која финансиски го поддржува овој проект.
Невообичаен детски жагор одекнуваше во текот на денот, додека децата беа анимирани низ бројни интересни активности. Разиграни чекори, вештите детски раце запослени низ креативни игри, а за поголемите деца имаше и интерактивна забава, како и музичка програма која ја дополни таа безгранична енергија и дух на овие посебни гости за Бимилк. Компанијата организираше и пикник со неизбежната дегустација на омилените производи на млекарата.

Се разбира, ниту една посета на Бимилк не би била целосна без да ја искусите легендарната тура која оваа компанија ја има за своите гости позната како „Патот на млекото“. Со возбуда, децата тргнаа на волшебно патување, откривајќи ги тајните на производството на млеко и сведочејќи од прва рака на прецизната изработка што е сѐ вклучено во секој производ на Бимилк кои тие дневно го консумираат во кругот на семејството.
„Пресреќни сме што го споделивме овој извонреден ден со нашето пошироко семејство. Бимилк отсекогаш билa посветенa на негување на духот на заедништво, а овој настан е пример за нашата непоколеблива посветеност на заедницата и врската што ја споделуваме со нашите ценети вработени и нивните семејства”- изјавија од Бимилк.
Преку оваа прослава на Денот на семејството, Бимилк ја потврдува својата посветеност на поттикнување на заедништво, на важноста на семејствата, а својата хуманост кон поддршка на СОС детското село и споделувањето на радоста со заедницата, како што овој пат беше пример со децата, останува во сржта на мисијата да се биде пример за споделување на радост.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




