27 Април, 2024
0.0303

Денес да донираме храна и да бидеме дел од масовната хуманитарна акција Нахрани 1000

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Денес на пет локации во Скопје започна најмасовната акција за донирање на храна во Македонија -  “Нахрани 1000” во склоп на Мрдни со Прст,  а по повод одбележување на светскиот ден за борба против сиромаштијата, 17 октомври.

Граѓанската иницијатива “Мрдни со Прст”, “Црвен Крст на Град Скопје”, организацијата “Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства “Љубезност”, Сојуз на извидници на РМ и организацијата “АДРА” во периодот од 10:00 до 19:00 отворија 5 штандови за донирање на храна во главниот град.

Штандовите на кои ќе се собира каде ќе може да се донира храна за бездомниците и за сите загрозени семејства на кои храната им е најпотребна во моментов се поставени на Плоштад Македонија, пред Скопје Сити Мол кај Плеј кафе, во Аеродром пред Веро, пред Дом на Градежници и во Ѓорче Петров пред Тинекс.

Целта на акцијата “Нахрани 1000“ е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна.

На списокот на потребни производи кои што може да се донираат на пунктовите се наоѓаат нерасипливи продукти како ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Како поддршка на 5-те штандови е комбето на Мрдни со Прст кое што денес во текот на целиот ден ќе ги посетува компаниите во Скопје каде вработените ќе можат да донираат храна. За оваа несекојдневна акција бизнис секторот пројави голем интерес.

Повеќе информации за оваа иницијатива се достапни на https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/  

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком