Денес ќе се стави потпис за кинеските вакцини, а кога ќе пристигнат во Македонија?
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2021
Дали ќе бидат дистрибуирани вакцините за Ковид-19 од Кина како што најавија надлежните следната недела ќе видиме, но извесно е дека надлежното министерство денес ќе ја потпише набавката за бројка од 200 000.
Министерот Венко Филипче на прес-конференцијата викендов, изнесе подетално објаснување за каква вакцина станува збор.
-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини. Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена. Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината - изјави министерот.
Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка..., досега се дадени повеќе милиони дози, со потврдена ефикасност над 90% и безбедност во смисла на многу мал процент на несакани реакции.
-За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Заштита од оваа доза се обезбедува со две дози вакцина - објасни Филипче.
Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Со набавката на вакцината на Синофарм обезбедена е доволна количина за вакцинацина во следните 6 до 7 недели од моментот на започнување на вакцинацијата. Според најавите од Ковакс механизмот и производителот Фајзер, очекуваме во тој период пристигање и на дел од тие обезбедени вакцини, за што здравствениот систем е подготвен за прием, дистрибуција и вакцинација. Министерот Филипче, упати апел до граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би ги заштитиле од ризик.
Претходно, исто така на прес-конференција, премиерот Зоран Заев истакна дека во нашава земја, вакцините од Синофарм треба да пристигнат меѓу 15 и 20 февруари.
И додека рускиот партнер на соседна Србија, ќе и испорача денеска 50 000 вакцини, ние не знаеме ниту кога процесот на имунизација ќе почне во Македонија.
Фото: freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.