06 Мај, 2024
0.0238

Денес Струмица со големо дружење и многу насмевки ќе се одбележи Светскиот ден на лица со Даунов синдром

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Разбирање наместо предрасуди, прифаќање наместо сожалување и создавање на заедничко општество, градење на заедничка иднина! Лицата со Даунов синдром, подеднакво како и сите други луѓе, треба да имаат можност во целост и со иста мера да ги остваруваат своите права. Ова ја опфаќа и можноста во целост да учествуваат во својата заедница. Денес, 21-ви март, се одбележува Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Потој повод на градскиот плоштад во Струмица во 12 часот, ‘’Мрдни со Прст’’ заедно со  Здружението „Вера“ од Струмица и кампањата ‘’Будење’’ќе го одбележат Светскиот ден на лица со Даунов синдром со заедничко дружење, дневна забавасо Тони Зен, штулар, пантомимичар и стотици насмеани лица.

„21- ви март е ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и запоставуваме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инклузијата. Време е да се разбудиме, да ги размрдаме прстите, но и да го разбудиме и размрдаме ова заспано општество и на нашите другари и другарки со Даунов синдром и ретки состојби да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐштоќепосакаат! “, изјави Ирена Мила од ‘’Будење’’.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ