Денеска на скопскиот аеродором пристигнува помошта од НАТО во борбата со Ковид-19
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020
На скопскиот аеродором денеска ќе пристигнат 60 респиратори како донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19. Ќе ја примат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче
Донацијата од Доверителниот фонд на Алијансата е вредна 1,4 милиони евра, а министерот Филипче веќе изјави рече дека помошта ќе да биде дистрибуирана меѓу јавните здравствени установи во согласност со потребите, експертизата и бројот на пациенти кои се лекуваат.
Министерот додаде дека помошта пристигнѕва кога Македонија се соочува со многу силен бран на вируси, што е состојба што значително ги оптеретува сите сегменти на здравствениот систем.
НАТО при посетата на премиерот Зоран Заев во Брисел на 8 октомври веже соопшти дека ќе испрати нов пакет помош кој вклучува 60 респиратори и друга неопходна опрема за борба против вирусот.