ДЕНЕСКА ПРЕСУДА: Ќе има ли правда за смртта на малиот Алмир?
Објавено во: Македонија 05 Април, 2018 10:20
Во Основниот суд во Куманово денеска е закажано изрекувањето на пресудата за случајот со четиригодишниот Алмир кој почина откако беше прегазен со автомобил по кавга за ред во амбуланта. Во овој случај му се суди на обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го гонеше првично за убиство, но потоа кривичното дело беше преквалификувано во сообраќајка со смртни последици и обвинетиот од притвор беше пуштен да се брани од слобода.
Поради преквалификацијата на кривичното дело за обвинетиот, беа организирани протести.
Тие бараат разрешување на обвинителите кои работат на случајот, одговорност од вештаците и процесот да се суди во друг суд надвор од Куманово.
Обвинителството го гони обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.
Осомничениот е обвинет дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ".
За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство".
Денес кумановскиот суд треба да пресече и да ја донесе првостепената одлука за случајот.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




