Денеска требаше, ама Кочан нема да оди в затвор
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019
Иако според решението, закажаниот термин да се јави на отслужување на затворска казна во Идризово е на 17 јули, бизнисменот Сеад Кочан нема денеска да започне со отслужување на казната од четири години и осум месеци.
Тоа е затоа што сопственикот на „Трансмет“ поднел уште едно барање за одложување на затворската казна, а Основниот кривичен суд сѐ уште нема одлучено по истото, односно треба да се јави во скопскиот затвор откако ќе биде донесена одлука.
Едно барање на одбраната на Кочан веќе беше одбиено, но на брзина беше испратено уште едно заедно со такво за преиспитување на одлуката.
Кочлан е осуден за случајот „Труст“ на СЈО за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола со лажни документи, а при тоа треба и да му биде конфискуван имот.