18 Мај, 2024
0.0303

Денеска започнува „бомбардирањето“ со политички спотови и митинзи

Објавено во: Македонија 01 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска и официјално стартува изборната кампања за шестите претседателски избори а Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река целат кон резиденцијата на Водно. Суштинската промена во однос на претходниот период ќе биде тоа што започнуваат интензивните рекламни спотови и јавни политички собири.

Секој од тројцата кандидати за претседател на државата ќе може да потроши максимум по 3.3 милиони евра во кампањата. Од буџетот на државата ќе му бидат платени сите трошоци за рекламирање во телевизиите, весниците и интернет-порталите, Рекламите не смеат да траат повеќе од осум минути во рамките на еден час телевизиска програма.

Теренските истражувања и анкетите покажуваат дека во вториот круг ќе се борат Пендаровски и Силјановска, а според некои извори во моментов меѓу нив разликата е само неколку поени, додека според други таа и не е толку тесна.. Клучните поенти преку кои ќе се ловат гласовите ќе бидат промената на името и евроатлантските интеграции.

Преку јавно партиско гласање поддржана е само Силјановска, која уште во февруари ја доби поддршката на конгресот на ВМРО – ДПМНЕ убедливо поразувајќи го против кандидатот Влатко Ѓорчев. Река сам се прогласи како кандидат но веднаш зад него застанаа двете опозициски партии од албанскиот политички блок - БЕСА и Алијанса за Албанците. Пендаровски по интерните преговори во СДСМ и владината коалиција се наметна како „консензуален“ кандидат кој ќе ја добие поддршката и гласовите на ДУИ.

Пендаровски и Силјановска кандидатурите во Државната изборната комисија ги поднесоа во последниот ден од рокот, односно на 21 март, за да не подлежат на предкампањските забрани. Додека се чека на стартот на кампањата Пендаровски и Силјановска веќе излегоа на терен активно одржувајќи средби со граѓани и симпатизери под маската на партиски активизам. Битката за гласови се вжешти на социјалните мрежи преку видеа, пораки и лајв-стримови. Од ДИК реагираа на ова и побараа кандидатите да се воздржат и да почекаат до понеделник.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, повика на фер, демократски и мирни избори за да може ЕУ и меѓунардоната заедница тоа да го препознаат. Во истото вчера се согласи и Пендаровски.

- Немам никакви дилеми дека ние тројцата ќе направиме се да останеме во рамки на една демократска борба каква што доличи на една држава што е де-факто членка на НАТО и очекувам наскоро да стане и членка на ЕУ, рече Пендаровски, потпишувајќи го кодексот за фер-избори во ДИК.

Силјановска повика додека трае кампањата да се запази моралот и етиката како многу важни вредности.

- Соучесниците на изборите не ги сметам за непријатели, а нам жените не ни приличи да не ја почитуваме етиката. Иако сум жена очекувам витешка борба со аргументи, а не со византиски игри и се надевам дека последниот збор ќе го имаат граѓаните, наведе  Силјановска Давкова.

И Река вели дека регуларните избори се многу поважни од тоа кој ќе победи.

- Влегуваме во едно ново искушение за државата и мислам дека не е главно кој ќе победи, туку е важно резултатот да биде законски и регуларен и со тоа да обезбедиме датум за почеток на преговори со Европската унија - рече вчера Река.

Во текот на кампањата ќе има најмалку четири телевизиски дуели.

Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Силјановска во Охрид, а Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.

Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори.



Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада