27 Април, 2024
0.0289

Денеска започнува судењето за „Моќник“, Милошоски вели дека го води обвинителка која земала 88.000 евра за хонорари

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот Антонијо Милошоски на денешниот старт на судењето за случајот „Моќник“ пред Кривичниот суд рече дека случајот е политички монтиран, а за обвинителката Фатиме Фетаи додаде дека е дискредитирана со самото тоа, како што вели, што земала вкупно 88.000 евра хонорари од поранешното СЈО.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговиот татко Милош Милошоски, поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев и останатите обвинети во случајот „Моќник“, денеска седнуваат на обвинителна клупа во Кривичниот суд

„Ова е процес кој Катица Јанева, осудена за речет, го започнала, а го продолжи Фатиме Фетаи со 88.000 евра хонорари добиени од истото СЈО. Обвинителството е под силно влијание од Владата и истото очекувам да го користи аргументот на силата пред судот. Овој случај е правно неоснован и политички мотивиоран предмет. Обвинителниот акт е паушален и без издржани докази“, рече Милошоски пред медиумите.

Главната расправа е закажана откако претходно Кривичниот суд позитивно го оцени обвинението. Овој предмет го отвори згаснатото СЈО, а обвинението неодамна го поднесоа обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Освен измамата околу нелегалната продажба на објектот во која била сместена општина Пласница, а за багателна цена го купи таткото на Милошоски, со овој случај е опфатена и нарачана лустрација, од тогашниот пратеник Антонио Милошоски. Па затоа, освен за пратеникот, обвинение беше поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Споре информациите од обвинителството, Милошоски умислено го поттикнал Аџиев да отвори повторна постапка за лустрација на судијата Драги Билески од Кичево.
Судијата беше лустриран, а потоа и разрешен. Тој, за жал, не дочека своите лустратори да ги види на обвинителна клупа, бидејќи во меѓувреме почина.

Милошоски се гони за две кривични дела, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“