18 Април, 2024
0.0251

Денот на младоста

Објавено во: Колумни 24 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во колективното паметење на генерации и генерации останува врежано сеќавањето на 25-ти мај не како роденден на саканиот претседател туку како настан што секоја година го чекавме со голема возбуда и радост. Ја дочекувавме и испраќавме штафетата,учествувавме на локални слетови на Градски и на паради на плоштадот што го носеше името на првиот граѓанин на СФРЈ......

Некаде пред земјотресот на моето училиште Карпош и не се сеќавам на уште колку им беше укажана честа за учество на парадата на Денот на младоста. Беа потребни технички подготовки од типот пригодни костими за сценографија. Ние требаше да претставуваме цветни полиња-машките што друго освен трева,а девојчињата цвеќиња. Од растегателна зелена  хартија мајките ни сошија наметки, а на главите ставивме капи од истиот материјал со реси –демек трева, а девојчињата беа живописно облечени во бои на цвеќињата.....не построија на главната улица уште рано-рано пред железничка и го чекавме редот да почнеме да маршираме пред бината која тежеше од раководители. Ама мај си е мај......кога се истури еден дожд не направи кисла од глава до пети, потече вода по лицата и голите нозе, а растегливата хартија пушти боја и така како индијанци измачкани со ратни бои ја завршивме парадата-расположени и горди (позади официрски мајките не чекаа со сува облека со пешкири за да не средат малку од малку......

Не ќе да беше истата година(како и да е) наш соученик во ликот и делото на познатиот дебармалец Љупчо Чалам-инаку еден од двата сина на Ацо Мариовец доби задача да оди во Белград и да присуствува на приемот кај Тито заедно со врсници од целата братска заедница. Кога се врати од главниот град беше главна личност(Пинки го виде Тита) не се праеше муабет со него-му приоѓавме и го прашувавме за се и сешто. Проструи и урбана приказна-за точноста тешко се правеше муабет со главниот лик-наводно чекајќи на ред да влезат кај Тито на некојси од децата му се примочало и тој му го дал подарокот наменет за Тито на нашиов манга на чување,а тој се шмугнал преку ред и го врачил како знак на љубов од братска Македонија.....

На една од многубројните средби со скопската легенда Миле Сирма кој е жив музеј на се што се случувало во Скопје ми раскажува за ангажманот со татко му Нестор за изработка на дрвениот саркофаг за пренос на моштите на Гоце во Скопје во 45-та а и за специјално изрезбарениот подарок ца Маршалот. Со восхит ја освежува меморијата за посетата на Ужичка 15 во Белград во 1968 по повод Титовиот роденден. Тој детаљ Миле се сеќава на секоја секунда од престојот и аудиенцијата кај Маршалот, ама и за името на лицето што од безбедносните структури се грижело за него и стариот мајстор. Нестор му пожелал на Претседателот да живее уште долго и да го надживее,а тој во свој стил му одговорил-крепаќу ја раније, не треба ми тако дуг живот.....нек живи наша земља.....

Тито веќе 40 години е заминат во вечноста,а неговата и наша творба се распрсна како да не била, останува сеќавањето пријатно и возбудливо, како кому!

Mojсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок