Депозитите растат - се штеди во девизи
Објавено во: Економија 23 Декември, 2016
Депозитите имаат нагорен тренд, а граѓаните повеќе штедат во девизи.
Во ноември кај вкупните депозити на домаќинства е остварен месечен раст од 0,5%.
На годишно ниво депозитниот раст изнесува 1,8%, соопштија од Народната банка.
На месечна основа придонес кон растот имаат и девизните и денарските депозити, додаваат од НБРМ. За разлика од денарските депозити поголем е придонесот од девизните.