24 Ноември, 2024
0.0296

ДЕПРЕСИЈА, АНКСИОЗНОСТ, ОТУЃУВАЊЕ: Кои се последиците по психичкото здравје од пандемијата?

Објавено во: Македонија 03 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Несоница, анксиозност, депресија и други проблеми ги мачат луѓето. Поради пандемијата на коронавирусот многу граѓани  чувствуваат последици по психичкото здравје. Велат дека нивните навики и начинот на живот денес не се исти како пред појавата на коронавирусот. Психологот Билјана Атанасовска објаснува дека секој човек различно се носи со овие психолошки состојби.

„Она што можам да го кажам и од сопствено искуство во психолошката работа со моите клиенти е дека пандемијата и поврзаните случувања со неа, ги интензивираа постоечките психички слабости кај некои луѓе и тие станаа понагласени психички проблеми. Но, исто така се зголеми и бројот на клиенти со новонастанати психички проблеми. Најчесто се работи за зголемена анксиозност, депресивност, пострауматски синдром, нагласено чувство на „необјаснив“ замор, растројства во спиењето, социјално отуѓување (повлекување, немање желба за дружење) и други понеспецифични последици. Сепак, кај луѓето со поголема психичка резилиентност, ваквите последици беа со многу помал интензитет и/или се покажаа како пократкотрајни и полесно минливи“, вели Атанасовска, психолог во советувалиштето „Божилак“ во Битола.

Објаснува дека коронавирусот го поттикна чувството на страв кај луѓето, кај оние кои го прележаа, но и кај другите кои се трудеа да се заштитат на најдобар можен начин.

„Прво стравот од непознатото за „страшниот вирус“ (одговорните не знаеја како се пренесува, како се превенира, а најмалку како се третира/лечи и тоа тековно го студираа), а потоа стравот од смртта, која преку ударните известувања на сите медиуми, како и преку личните загуби на членови од семејството, стана постојан, сеприсутен гостин во сечиј дом. Бевме притиснати да се штитиме од нешто „страшно и смртоносно“, а не знаевме како, со што, до кога... Долготрајното живеење под разноразни ограничувања, а сепак неизвесност и интензивен страв, секако дека има значајни последици врз психичкото здравје на луѓето. Сега веќе има и податоци поткрепени со истражувања за разните видови последици, во зависност од возрасната група на која припаѓаат испитаниците, нивното претходно психо-физичко здравје, социјалниот статус и слично“, додава психологот.

Граѓаните велат дека поради пандемијата, денес помалку се дружат и поретко одат кај роднини и пријатели. Некому помалку, а некому повеќе, пандемијата му влијаела на психичката состојба.

„Јас не се плашев од вирусот, но си внимавав, ги следев насоките од лекарите, а имаше луѓе кои ги фаќаше паника. Јас немам никаква последица, но кај другите луѓе има промени“, вели Јулијана Атанасоска, граѓанка.

Друга граѓанка објаснува дека пандемијата „удри“ по социјалниот живот.

„Уште си внимавам на здравјето, се чувам, избегнувам дружби и не е како што беше порано. Исплашени бевме кога имаше многу заразени, бевме под стрес“, рече Славица Петрушева, граѓанка.

Има и граѓани кои поради коронавирусот, последниве години воопшто не патувале во странство.

„Јас ја прележав короната, лесно. Не ми е страв. Веќе не ни мислам на тоа. На психата не ми влијаеше. Во странство не сум била откако почна пандемијата“, вели Анета Божиновска, граѓанка.

Коронавирусот се појави во 2019 година во градот Вухан во Кина. Според податоците од worldometeres, над 6.8 милиони луѓе во светот починале од коронавирусот. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/Drazen Zigic

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип