ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2024
ПРОТЕСТ ПОРАДИ ХАОСОТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Стотици граѓани попладнево протестираа извикувајќи „Скопје бара превоз“. Тие се собраа пред кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска поради проблемите со градскиот превоз.
Имаше и пароли на кои пишуваше дека Данела треба да си замине од позицијата градоначалник.
„Расистички и дискриминирачки е 42.000 граѓани да оставите без превоз. Ве прашуваме зошто само во Шуто Оризари над 90 отсто возат приватни превозници. Немате залепено никаде дека не смее Роми да се возат. Дали сте слушнале за зборот одговорност, покажете политичка зрелост знаете што значи. Ние родителите, учениците, професорите, мажите, жените, сите кои доцниме на работа, добиваме откази, не можеме да стигнеме лекар. Итно да пуштите нови автобуси“, изјави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш кој го организираше протестот.ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска оствари средба со Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО.
По средбата, претседателката ја истакна важноста на оваа функција за меѓународната позиција на Северна Македонија.
„Имав пријатна средба и плоден разговор со новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО, госпоѓа Радмила Шекеринска. Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание,“ изјави претседателката.ВЕТЕРОТ НАПРАВИ ШТЕТИ ВО БИТОЛА И ШТИП
По Штип, силниот ветер направи штети и во Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.
Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи дека јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, ќе извршат санација на местата каде е предизвикана штета.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.