04 Мај, 2024
0.0241

Десет месеци, а не се потрошени ни половина од капиталните инвестиции

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Државните институции и министерства потрошиле до октомври само 40 отсто од предвидените пари за капитални инвестиции за годинава. Впрочем потрошени се 150 милиони евра од предвидените над 369 милиони евра за цела година. Дополнително капиталните инвестиции беа намалени со ребалансот на буџетот, а претходно Владата предвиде за оваа намена за годинава дури 425 милиони евра.

Реализацијата на капиталните инвестиции или тие од кои се очекува да го покренат растот на економијата се покажа како проблем и лани, трендот продолжи и годинава. Иако власта тврди дека дел од проектите кочат поради некои трети фактори, сепак потфрлувањето е значајно.

Владата предложи ребаланс на буџетот на почетокот на септември годинава и со него ги скрати за 50 милиони евра капиталните инвестиции. Со прекројувањето отпаднаа планираните инвестиции во железницата, во проектите во образованието, во водоснабдувањето, дозиградбата на Коридорот 10. Тогаш министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека се кратат средства од капиталните трошења кои биле со слаба реализација и се финансирани со кредити. Познавачите бараат да запре практиката, секоја година наместо да се реализираат предвидените, парите за овие трошења да се намалуваат.

За идната година или во буџетот за 2020 година за капитални трошоци проектирани се 23 милијарди денари или 374 милиони евра. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски