30 Април, 2024
0.0261

Десет причини поради кои не сте богати

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Многу луѓе претпотавуваат дека не се богати поради тоа што не заработуваат доволно пари. Кога би заработувал само малку повеќе, многу повеќе би штедел, велат тие. Проблем во оваа теорија е тоа што тие го кажуваат  истиот аргумент и епред неколку последни зголемувања на платата. Да станеш милионер има помалку врска со тоа колку заработувате, а повеќе со тоа како ги се однесувате со парите во својот секојдневен живот. Листата на причини поради кои не сте богати не завршува со бројот десет. Грижејќи се за тоа што вашите соседи мислат, не сте стрпливи, стварате лоши навики, немате цели во животот, не сте подготвени, сакате да заработите брзи пари, се потпирате на други да управуваат со вашите пари, инвестирате во работи кои не ги разбирате, се плашите од своите финансии игнорирајќи ги. Ова се десет можни причини поради кои не сте богати 1. Важно ви е како изгледа вашиот автомобил. Автомобилот е средство за транспорт за да можете брзо да стигнете од едно на друго место, но многу луѓе не гледаат на тој начин. Наместо тоа, сметаат дека автомобилите се одраз на нивниот општествен статус и затоа трошат пари на секои две години за да ги ипмресионираат останатите, наместо да го возат автомобилот само доколку од него имаат корист, и така ќе ги инвестираат заштедените пари. 2. Чуствувате потреба да трошите. Ако верувате дека заслужувате да живеете со одреден животен стил, да имате одредени работи и да трошите пари, пред да сте заслужиле да живеете на тој начин, вие ќе мора да позајмувате пари. Тој голем долг кој што ќе го направите за да живеете на висока нога, ќе ве спречи да акумулирате богатство. 3. Недостаток од диверсификација. Постои причина зошто еден од најстарите финансиски совети е да не ги држите сите јајца во една кошница. Ако имате диверсифицирано инвестициско портфолио, многу е мала веројатноста дека вашето богатство наеднаш да го изгубите. 4. Многу доцна сте почнале со штедење. Ако мислите дека за штедење и инветстирање секогаш ќе има време, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека немате ништо на вашата сметка. 5.Не работете работа во која не уживате. Вашата работа не треба да биде работа од соништата, но секако мора да уживате во она што го работите. Ако сте избрале работа која не ја сакате, а работите само за парите, веројатно ќе ги трошите сите ваши екстра заработени пари обидувајќи се да се ослободите од стресот настанат поради фактот што работите работа која ја мразите. 6. Не сакате да учите. Може претпоставувате дека еднаш кога ќе добиете факултетска диплома, повеќе нема потреба да учите. Овој став може да ви ја донесе првата работа, или пак може да ви овозможи да заработите, но поради овој став никогаш нема да се збогатите. Вољата за доживотно учење ќе ви овозможи да напредувате во кариерата и да ја зголеми висината на платата која ќе ја примате за својата работа, која е за вас клучна за да станете богат. 7. Купувате работи кои не ги користите: Погледнете околу својата куќа, ормари, подрум, таван. Ќе видите многу работи кои сте ги купиле непотребно. Замислете тие пари да сте ги потрошеле за инвестирање, па на тој начин да го зголемите своето богатство. 8. Не ја разбирате вредноста. Купувате работи од некоја за вас позната причина без да ја гледате вредноста која вас тој предмет ќе ви ја донесе. Ова не е ограничено само на оние кои имаат потреба да купуваат најскапи работи, туку се применува и кај оние кои секогаш купуваат најефтини работи. Ретко кога е добро да купувате најскапо или наефтино. Кога ќе научите да купувате добри и вредни работи тогаш ќе ви останат доволно пари кои ќе можете да ги инвестирате во вашата иднина. 9.Вашата куќа е преголема. Кога ќе купите куќа која е поголема од тоа што можете да си го дозволите или од она што навистина ви треба, ќе завршите со отплаќање на камати за долгогодишни кредити. Ќе плаќате поголем данок, поголеми комунални трошоци, но и повеќе работи со кои ќе треба да ја пополнитее куќата. Некои луѓе се обидуваат да го аргументираат инвестирањето во недвижности како најдобро, но вистината е сосема спротивно. Инвестирајте во недвижности само доколку имате воља да го намалите вашиот животен стандард, кои што голем дел од луѓето не сакаат. Недвижностите никогаш нема да бидат ликвиден имот и никогаш нема да можете да ја замените за изноз на пари со кој ќе акумулирате долгорочна инвестиција. 10.Не успевате да ги искористите приликите.Веројатно постоеле многу прилики каде сте слушнале дека некој многу заработил и сте помислиле дека и вие така ќе заработите. Постојат многу прилики доколку имате воља и одлучност да ги држите очите отворени.