06 Декември, 2025
0.0330

Design is FUN! Неограничените можности на дизајнот!

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2014 08:03

Добивај вести на Viber

Design is FUN! е настан на којшто ќе се промовираат нови дизајни на мебел, уреди за осветлување, колажи и фотографии од веќе изведени ентериери на архитектките  Елена Мартиновска, Ема Николова, Андријана Тилиќ и Марија Павловска. Моделите промовирани на Design is FUN! им нудат на љубителите на дизајнот неограничени можности за игра со геометриски форми и бои. Главната цел на овој настан е да се промовира македонскиот дизајн на локално и на интернационално ниво преку интернет, а очекуваниот ефект е од колекциите да излезе сериско производство со етаблирани етикети и имиња препознатливи за авторките. Изложбата е продажна, а производите ќе може да се нарачуваат и по каталог. Исто така, дел од колекциите ќе може да се најдат и во македонските продавници за мебел и за осветлување, со цел освен увезените дизајнерски парчиња од странски производители да се понуди и дизајн креиран и реализиран во Македонија. Настанот ќе се одржи вечерва во Концепт 37, повеќе информации на следниот ЛИНК

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: