Дете со повредило од справи за вежбање донесено во болницата во Охрид
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2024
МВР преку СВР Охрид соопшти дека 11-годишно дете се повредило од справи за вежбање во Охрид, по што малолетникот бил пренесен во охридската болница.
„На 23.05.2024 година во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје, со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди.
По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање“, објавено е во денешниот билтен.