Добивај вести на Viber
Вообичаено, написите кои се однесуваат на односот вработен-шеф, третираат прашања од типот, што не смее вработениот да стори или каже, но што се случува кога ќе ги свртиме работите од другата страна. Што е тоа што еден одговорен шеф не смее да му каже на ниту еден вработен кој е подреден под него?
1.
„Јас ти давам плата и ќе правиш како што ќе кажам“ - Со ова воспоставувате комплетно диктаторство. Ако ја сакате вистината, добрите лидери никогаш не се закануваат. Оној кој се чувствува загрозено, тој и зборува вакви реченици. Можеби ќе постигнете вработените да се плашат од вас, ама никогаш нема да се стекнете со нивната лојалност.
2.
„Имаш среќа што ти даваме бонус. Другите компании не даваат ништо“ - Ако сте имале намера некого да наградите, со оваа реченица ќе делува како сосила да го давате бонусот. Или наградете го човек и нека се чувствува почестено или воопшто не го правете тоа.
3.
„Јас сум на работа цело време, ти кај си“ - Никој не е должен да работи 24/7, сигурно не тој што е подреден под вас. Притисокот кој го правите врз вработените, барајќи тие да се однесуваат исто како вас, нема да ви се врати со добро. Надредениот има поголеми одговорности, а со тоа и поголема плата. Затоа не очекувајте вработените да се однесуваат идентично како вас.
4.
„Остани да работиш овде, ние не ги дискриминираме жените“ - Оваа или било која реченица која опфаќа било каква дискриминација во поглед на пол, религија, вера, никогаш не е добар избор за да му ја кажете на вработен. Ако не дискриминирате вработени, тоа се гледа само по себе, не мора да го истакнувате. Делува понижувачки кон човекот кон кој е упатена забелешката.
5.
„Мора да ги намалиме трошоците (во период кога реновирате нешто во работниот простор)“ - Во тешки времиња, вработените имаат разбирање, а и немаат некој избор освен да прифатат дека мора да дојде до намалување на платите или бонусите. Но, немојте да барате разбирање од нив, додека си ја опремувате канцеларијата со нов мебел. Не може да им велите дека кризата важи само за нив, а не за вас.
6.
„Не сакам да те слушам како ми се жалиш“ - Кому ако не вас? Вие сте поставен за да ги слушате сугестиите и поплаките. Невозможно е да слушате само позитивни работи од вработените.
7.
„Ние ова секогаш го правиме на ваков начин“ - Кажете го ова и после немојте да се чудите ако никогаш не слушнете некоја новина или идеја од вработените, што може да се примени во работата. Ако им сугерирате дека секогаш терате по еден ист терк, никој нема да ви дава идеи и работата нема да оди никаде.
8.
„Ужасно работиш“ - Невозможно е да најдете безгрешен човек кога станува збор за работата. Знаете како велат, кој работи тој и греши. Тргнете од себе, сигурно ви се случило да направите некоја грешка при работата. Затоа и не треба човек да го омаловажувате на ваков начин. И онака ќе му биде тешко што згрешил, не му треба дополнително омаловажување, ако сакате да застане што побргу на нозе и да се врати во форма.
9.
„Глупав си“ - Ако не успеете да ја задржите цивилизираноста и коректниот однос, вие не се наоѓате на вистинското место. Професионалноста е задолжителна во односот кон сите, ако лесно ви летаат лоши зборови од уста кога се расправате со вработен, тогаш треба добро да размислите како ве гледаат вработените и колку од нив едвај чекаат да избегаат од вас.