19 Мај, 2024
0.0313

ДЕВОЈЧЕ БОЛЕДУВА ОД ХЕМОЛИТИЧКО-УРЕМИЧЕН СИНДРОМ: Причината е контаминирано сирење на база на сурово млеко

Објавено во: Свет 24 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Четиригодишното девојче од Падова, Италија кое боледува од хемолитичко-уремичен синдром се уште е интубирано и хоспитализирано во детската интензивна нега во болницата во Падова.

Денеска, по истрагата на карабинерите кои заплениле серија сирења и добиле документација за начинот на производство и состојките, градоначалникот на провинцијата Предаја ќе издаде наредба се да се провери целосно, а тоа му е доверено на институтот во Венеција, пишува „Раи“.

Заради заштита на здравјето на луѓето, Одделението за превенција на провинциското здравствено претпријатие смета дека е соодветно „храна да не консумираат оние кои пред 14 јули купиле млечни производи од територијата на поранешната општина Коредо“.

Исто така, апелираат да се има предвид дека производите на база на сурово млеко не треба да се даваат на деца до пет години и постари лица.

Хемолитичен уремичен синдром (ХУС) е болест предизвикана од бактеријата ешерихија коли. Главно се пренесува преку храна со конзумирање на контаминирана храна. Почетните симптоми на инфекцијата може да вклучуваат дијареа, повраќање, силна абдоминална болка, поспаност, анурија и замор. ХУС е најважната причина за акутна бубрежна инсуфициенција во детството.


Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети