19 Мај, 2024
0.0263

ЏИХАДИСТИЧКА ПЛАТА: Еве колку пари земаат борците на ИСИС

Објавено во: Економија, Свет 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Исламската држава е една од најдобро финансираните терористички организации, кои во една година заработуваат речиси 900 милиони долари.

Врз основа на документите и интервјуата, објавени со неколку поранешни команданти на ИД и ирачки и сириски функционери, „Фајненшл тајмс“ направи проценка на финансиската ситуација во ИСИС.

Најновите детали од истрагата за економската ситуација во ИСИС објавени во весникот покажуваат дека без копнени интервенции не можат да се победат екстремистите. Исламската држава има постојано приходи за да продолжи со воените операции со исто темпо уште најмалку три години.

Исламистите изминатата година најмногу заработија од грабежи и препродажба на нафта, која претставува главен извор за финансирање.

ИД заработува речиси 900 милиони долари годишно, а две третини од тие пари одат на воените активности. На странците, кои се приклучуваат кон калифатот годишно одат меѓу 200 до 250 милиони долари.

Околу 20 милиони долари секој месец се трошат на борци во првите редови на фронтот, за кои се претпоставува дека ги има околу 30 илјади, додека на локалните борци и различни други помошници се трошат меѓу 15 и 20 милиони. Сите тие заедно ја сочинуваат групата од 70 илјади борци, кои се наоѓаат на платниот список на ИСИС.

Според овој извештај, ИСИС неделно само на муниција троши околу еден милион долари, додека на различни други воени активности оди најмалку уште еден милион. Од друга страна нафта имаат во неограничени количини целосно бесплатно.

Борците имаат фиксен дел од 150 долари месечно, на кои се додаваат бројни додатоци и бенефиции, како што се 200 долари за воен плен и бонус за жени и робинки. Во просек оваа сума достигнува до 800 долари.

Инаку, финансискиот систем на ИД е мошне централизиран со седиште во Мосул. Не постои електронски банкарски систем, така што не може да се има целосен и прецизен увид во финансиските активности.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра