16 Декември, 2025
0.1179

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2024 18:22

Добивај вести на Viber

Германија лошо би поминала во случај ако излезе во Европската Унија(ЕУ). 

Земјата би претрпела сериозна економска штета доколку ја напушти ЕУ, пишуваат истражувачите од Германскиот економски институт (IW) во извештајот што го виде германската новинска агенција ДПА.  Напуштањето на ЕУ, пишуваат економистите во нивната анализа, „ќе доведе до сериозна економска криза и долгорочно губење на просперитетот за населението во Германија“.

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) сака делумно да ја ослабне европската интеграција. Според нив, ЕУ треба да биде само економска и интересна група на лабаво поврзани поединечни држави.

Истражувачите од Келнскиот институт процениле дека може да се очекува намалување на БДП за 5,6 отсто, или околу 690 милијарди евра, пет години по излегувањето на Германија од Унијата.

Околу 2,5 милиони работни места би можеле да бидат изгубени во петтата година. Ова приближно одговара на загубите во економската додадена вредност поради пандемијата на коронавирус и кризата со цените на енергијата по руската инвазија на Украина.

Пресметките се засноваат на настани и податоци од минатото, но бидејќи трошоците би биле подеднакво високи, истражувачите пресметале што би се случило со Германија доколку таа ја напуштеше ЕУ истовремено со Велика Британија. Британските гласачи го одобрија излегувањето од Унијата, познато како Брегзит, во 2016 година, а процесот беше финализиран во 2020 година.

За да го утврдат ова, економистите го анализираа економското влијание на Брегзит врз Обединетото Кралство од референдумот во летото 2016 до 2021 година, а потоа ги екстраполираа тие ефекти во Германија, земајќи ги предвид разликите меѓу двете земји.

Последиците од вистинското германско излегување од Унијата веројатно би биле поголеми, според авторите, кои укажуваат на блиските врски на Германија со другите членки на ЕУ и употребата на заедничката валута евро.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност