20 Декември, 2025
0.1794

Дијаспората од Детроит обезбеди стипендии за четворица Македонци

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2013 11:31

Добивај вести на Viber

Стипендии за четворица Македонци од САД и од Македонија обезбеди Организацијата Обединети Македонски-Американци од Детроит (ОМАД).  На својот четврти годишен собир тие обезбедија донации за стипендиите. Школарините ги добија Ешли Несторовска и Владимир Мадик, македонски студенти од САД, како и Стојанче Андов и Драган Стефановски, студенти од Македонија. „Нашата цел е да ги продолжиме програмите за школарини, за помош на домовите за деца без родители, собирање книги за потребите на Македонија. Младиот Стојанче Андов даде навистина прекрасен осврт на својот живот, кој го започнал токму во еден од овие домови за деца без родители. Цел на овие средби е и нашите деца да научат што е можно повеќе за Македонија и да останат поврзани со родната земја, во соработка и со Македонската студентска организација од Детроит“, појасни Том Бајоф, бизнисмен од Детроит. Ова е четврта ваква вечера на која стотици Македонци од околината на Детроит се собираат да обезбедат средства за хуманитарни цели. „Целта на нашата организација, формирана пред четири години, е да се промовира соработката меѓу црковните организации на околу 125.000 Македонци колку што сметаме дека живеат во околината на Детроит“, изјави Бајоф.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии