Димитриадис: Централната банка на Кипар е подготвена да соработува со Владата
Објавено во: Свет 14 Април, 2013 18:40
Директорорт на Централната банка на Кипар, Паникос Димитриадис изјави дека е подготвен да соработува со Владата за излез на земјата од финансиската криза, но под услов да се зачува независноста на Централната банка.
- Ние сме подготвени да одговориме на секое барање за соработка и координација за доброто на земјата, но само при целосна заштита на независноста на Централната банка на Кипар, како што бара и Централната европска банка, наведе Димитриадис во интервју за „Филелефтерос“.
Несогласувањата меѓу Димитриадис, именуван во мај минатата година од претходната комунистичка влада и сегашниот десноцентристички кабинет се продлабочија последните денови, по притисокот врз директорот да поднесе оставка поради пропаѓањето на банкарскиот систем.
Кипарскиот парламент минатата недела почна истрага против Димитриадис, а тројца претставници на Централната банка поднесоа оставки.
На тоа реагираше директорот на Европската централна банка Марио Драги, кој го предупреди кипарскиот претседател дека секој обид за отстранување на Димитриадис може да го одведе Кипар пред Судот на Европската унија.
Според законите на ЕУ еден директор на Централна банка може да биде ослободен од должноста само ако се утрвди дека повеќе не ги исполнува условите за работа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




