06 Август, 2024
0.0244

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот, обезбедивме пари за плати и набавка на опрема

Објавено во: Економија 06 Август, 2024

Добивај вести на Viber

На владина седница е усвоен дополнителниот ребаланс на Буџетот. Дополнетиот Ребаланс на Буџетот за 2024 година одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појави потреба да се направи надополнување во буџетите на одредени буџетски корисници.

„Со дополнувањето кое ќе го доставиме на усвојување во Собранието се обезбедија надополнувања во: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народен правобранител и слично. Поконкретно, со надополнувањата се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 илјади денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60.000.000 денари во МВР  за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони  денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител“, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Ќе има пари за пензионерите, администрацијата, бизнисот, здравството и слично. 

Министерката кажа дека ќе има над 4  милијарда денари дополнителни средства за исплата на плати. Средства потребни за реализација на преземените обврски за зголемувањето на платите согласно потпишаните колективни договори и законските решенија кои беа донесени по усвојување на Буџетот на РМ за 2024 година.

„Колективниот договор на УКИМ и измената на законите за високо образoвание и научно истражувачката дејност, Усогласување со минималната плата за вработените каде минималната плата претставува компонента на основната плата. Усогласување на платите според индексот на трошоци на живот за првите шест месеци од годината, согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и ова право ќе биде исплатено со септемвриската плата на вработените. 5,1 милијарди денари дополнително за исплата на пензии и обезбедување подобар и поквалитетен живот на највозрасните граѓаните. За корисниците на правото на гарантирана минимална помош обезбедена е дополнителна финансиска поддршка од околу 800 милиони  денари. За здравствена заштита обезбедени се дополнителни 1,7 милијарди денари, наменети за здравствено осигурување, боледувања и исплата на обврски. Дополнително обезбедивме уште: 1 милијарда денари за ТИРЗ, за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни 1,7 милијарди денари, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии. Со ребалансот на Буџетот извдвоивме 6 милијарди денари за проекти во општините“, додаде министерката. 

Рече дека намерата на Владата е со овој Ребаланс да обезбедат непречено сервисирање на обврските кон огромен број на граѓани и компании, вклучувајќи ги младите, спортистите, земјоделците, пензионерите, како и вработените во администрацијата преку исполнување на нивните права согласно колективните договори. 

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

ВЛАДАТА ДОБИЛА ПИСМО ОД УНГАРСКИОТ ОПЕРАТОР : 4iG Групацијата сака да влезе на пазарот во Македонија

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГРЦИЈА: Колку луѓе се без ангажман?

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

ЌЕ ФАЛАТ 10 МИЛИОНИ РАБОТНИЦИ: Во уште седум европски држави населението старее

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

Разрешен и најновиот директор на „Водовод и канализација - Скопје“

„ПОВЕЌЕ МИ СЕ ИСПЛАТИ ДА БЕРАМ МАЛИНИ ВО СРБИЈА, ОТКОЛКУ ГРОЗЈЕ ВО МАКЕДОНИЈА“: Берачите на грозје бараат повисока дневница

„ПОВЕЌЕ МИ СЕ ИСПЛАТИ ДА БЕРАМ МАЛИНИ ВО СРБИЈА, ОТКОЛКУ ГРОЗЈЕ ВО МАКЕДОНИЈА“: Берачите на грозје бараат повисока дневница

ЗАГРОЗЕНИ СЕ ОКОЛУ ДЕСЕТ МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ЕУ: Како вештачката интелигенција ќе ја трансформира најплатената индустрија?

ЗАГРОЗЕНИ СЕ ОКОЛУ ДЕСЕТ МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО ЕУ: Како вештачката интелигенција ќе ја трансформира најплатената индустрија?

МАКЕДОНЦИТЕ „ЛЕБАРИ“ ПЛАТИЛЕ 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА, АМА ЈАДЕЛЕ ЗДРАВО И МОДЕРНО - како најголемиот производител на леб го зголеми профитот за 44 отсто

МАКЕДОНЦИТЕ „ЛЕБАРИ“ ПЛАТИЛЕ 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА, АМА ЈАДЕЛЕ ЗДРАВО И МОДЕРНО - како најголемиот производител на леб го зголеми профитот за 44 отсто

СЀ ПОТСЕТУВА НА ЗЛОГЛАСНИОТ „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“: Светските акции паднаа, гигантите загубија 650 милијарди долари

СЀ ПОТСЕТУВА НА ЗЛОГЛАСНИОТ „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“: Светските акции паднаа, гигантите загубија 650 милијарди долари

Еве и официјално! Колку милиони долари дневно гори војната во Украина?

Еве и официјално! Колку милиони долари дневно гори војната во Украина?