01 Декември, 2024
0.1945

„Распаљотка“ во РЕК Битола! Како стигна раководството во заминување да даде 30 тендери за само една недела?

Објавено во: Економија 05 Август, 2024

Добивај вести на Viber


РЕК Битола ќе плати над 9 милиони евра за специјализирана работна рака која треба да работи на ремонтни активности на трите блока во најголемиот производител на струја во Македонија. Најблаго речено „боде очи“ фактот што раководството на РЕК во заминување во само три дена склучи дури 25 договори по тендери и сите тие се за работна рака потребна за ремонти. А вкупно за период од 10 работни дена раководството склучи договори за вкупно 51 тендер. И од РЕК да е многу е! Особено затоа што историските податоци покажуваат дека ремонтите на постројките се прават во лето, но никогаш не почнуваат сите активности во август...

Раководството во заминување на РЕК Битола, најголемиот производител на струја во Македонија, склучи 30 договори за ремонтни активности на постројките на комбинатот за помалку од една недела, покажуваат официјалните објавени податоци допстапни во целост на линкот подолу.

Уште пофасцинантен е податокот дека за период од две седмици (16 до 29 јули годинава) раководството на РЕК Битола склучило вкупно 51 тендер во вкупна вредност што надминува 10 милиони евра.

Најголем број од тендерите се за услуги поточно за ремонтни активности или најточно кажано за ангажман на специјализирана работна рака. Значи бизнис бомбона што би рекле нашите политичари. Небаре РЕК Битола, компанија со повеќе од 2.000 вработени нема соодветна стручна работна рака за дел од тие активности кои се бараат со овие четириесетина тендери.

И уште еден детал од тендерите за ремонтни активности отвара простор за дилеми. А тоа е периодот во кој се вршат ремонтите. Точно е дека редовните ремонти на трите блока во РЕК секогаш се вршеле во лето. Но летото е поширок термин од август. Ремонтите во РЕК знаеле да почнат и на почеток на јуни и да траат до крај на септември за блоковите да бидат спремни за претстојната зима што значи грејна сезона и што значи зголемен конзум за електрична енергија. Но технички не е изводливо сите 40 тендери за ремонтни активности да се вршат во еден или два месеци. Затоа што технологијата на процесот за производство на струја не го дозволува тоа.

Најголем добитник, очекувано, е битолската „Марковски компани“. Од сите 30 тендери за ремонти тие добија шест набавки во вкупна вредност од 6 милиони евра.

Скопски ЕЛ-ТЕ доби пет тендери во вкупна вредност од 1,34 милиони евра, а скопската компанија Спектар Термо доби само еден тендер во вредност од 1,6 милиони евра.
Битолски „Монтинг“ доби три тендери во вредност од 1,52 милиони евра. Два тендери доби компанијата „ЈУ СМ“ од Брвеница во вредност од 0,9 милиони евра. 

Добитници на тендери во РЕК се уште десетина домашни компании.

Деталите за сите 50 договори за ремонтни активности – услуга за специјализирана работна рака погледнете ги на следниот линк 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТЕСЛА ОСТАНУВА ЛИДЕР ВО ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ - сепак, кинеските производители им дишат во врат

ТЕСЛА ОСТАНУВА ЛИДЕР ВО ИНДУСТРИЈАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ - сепак, кинеските производители им дишат во врат

Нова платформа за дијалог и идеи: Започна подкастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески

Нова платформа за дијалог и идеи: Започна подкастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески

„РАБОТИМЕ СО ОНА ШТО ГО ИМАМЕ, ПРАВИМЕ СЀ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ СТРУЈА ЗА СЕКОЈ ДОМ“ - еве што и кажал работник со 40 годишно искуство на министерката Божиновска

„РАБОТИМЕ СО ОНА ШТО ГО ИМАМЕ, ПРАВИМЕ СЀ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ СТРУЈА ЗА СЕКОЈ ДОМ“ - еве што и кажал работник со 40 годишно искуство на министерката Божиновска

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА - граѓаните ја очекуваат утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика

КОЛКУ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА - граѓаните ја очекуваат утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика

СИТЕ ИМ ВЕЛЕА ДЕКА ЌЕ ПРОПАДНАТ, А ПОТОА СТАНАА КОЛОСАЛЕН ХИТ НА ПАЗАРОТ - еве ја приказната на познат јапонски инженер

СИТЕ ИМ ВЕЛЕА ДЕКА ЌЕ ПРОПАДНАТ, А ПОТОА СТАНАА КОЛОСАЛЕН ХИТ НА ПАЗАРОТ - еве ја приказната на познат јапонски инженер

ОВАА ЖЕНА ЗАРАБОТУВА НАД 70.000 ДОЛАРИ ПРЕКУ ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ РАБОТИ ВО САД - еве како изгледа еден нејзин работен ден

ОВАА ЖЕНА ЗАРАБОТУВА НАД 70.000 ДОЛАРИ ПРЕКУ ЕДНА ОД НАЈБАРАНИТЕ РАБОТИ ВО САД - еве како изгледа еден нејзин работен ден

ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: До 2030 година се планираат дури 10.000 возила без возачи

ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: До 2030 година се планираат дури 10.000 возила без возачи

ИНА ОВАА ГОДИНА Е НАЈПРОФИТАБИЛНА РЕГИОНАЛНА НАФТЕНА КОМПАНИЈА - еве како работеа другите нафтени играчи

ИНА ОВАА ГОДИНА Е НАЈПРОФИТАБИЛНА РЕГИОНАЛНА НАФТЕНА КОМПАНИЈА - еве како работеа другите нафтени играчи

ПАНИКА ВО РУСИЈА? Путин ги смирува граѓаните

ПАНИКА ВО РУСИЈА? Путин ги смирува граѓаните