Добивај вести на Viber
По спектакуларниот концер на Лени Кравиц кој викендов се одржа во Охрид, во организација на Авалон продукција, се огласи нејзиниот сопственик, Бобан Милошески, кој на социјалните мрежи раскажа дека е лут и дека полесно е да се организира Формула 1 отколку концерт на една ваква светска ѕвезда.
„Да напишам некој збор додека ме држи лутината.
Таа во последно време ми проаѓа брзо, и тоа ме нервира!
Полесно е да направиш во Мариово Формула 1 отколку да организираш овде ваков концерт, по ваква ,,величествено сељачка агенда" каква што имаше овој објект пред концертот на Lenny Kravitz, што го доведе во прашање вчерашното негово организирање.
Искрено, да се направи ова вчера беше невозможна мисија! Никогаш не сум бил погорд на луѓето од Авалон и оние кои работеа за Авалон што воопшто успеавме да го направиме она синоќа!
Немојте да заборавите дека ни беше забранет влез на стадион до сабота до полноќ, бидејќи имаше ексклузивен концерт на мега ѕвездата Ацо Пејович, кој е толку ексклузивен да уште во Долно Коњари нема пеено - во Горно секако дека има!Неколку пати.
Бидете горди што бевте дел од ова вчера и споделувајте го ова видео, ве молам, да видат колку не' има!
Не ја оставаме земјава на простаклукот, шундот и кичот!
Не' има сепак повеќе од сите нив заедно цела оваа претешка недела!
Бобан Милошески“, напиша тој на фејсбук.