03 Јули, 2024
0.1107

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Објавено во: Економија 01 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „24 Анализа“ рече дека буџетот е преголем и набилдан, па според тоа има простор да се крати од многу места за да може пензиите до март следната година да се зголемат линеарно за 5.000 денари.

- Точно е тоа дека и претходно добивале некои проценти, сега ќе добијат повеќе за 10-тина милиони евра, но проистапот е ферски и линеарен, 5.000 денари многу ќе значат. Во Секретаријатот за европски прашања оделе со 30 луѓе за реформската агенда во Брисел. Сега ќе одат само двајца. Ситно, ситно, но се собира. Износот кој ќе го реалоцираме се 20 милијарди денари, рече министерката.

Димитриеска Кочоска додаде дека за зголемени пензии простор за пари има и кај нереализираната предвидена динамика на трошење во капиталните проекти.

- Ќе ги погледнеме и капиталните расходи, таму не е нешто како што треба. Полниме наменски сметки а не се трошат. Префрлале пари за сметки, проектот е мртвило, не мрднува а парите никој не смее да ги чепне. Барем да ги орочиш па да добиеш камата. Кеш менаџментот бил многу лош и треба да се најдат механизми да се подобри тој дел, истакна министерката. 


Можеби ќе ве интересира

ПРОБЛЕМ КОЈ ЈА МАЧИ ТУРЦИЈА: Koлку изнесува инфлацијата?

ПРОБЛЕМ КОЈ ЈА МАЧИ ТУРЦИЈА: Koлку изнесува инфлацијата?

ДОЛЖАТ НА КИНА: Малдивите се на чекор до банкрот

ДОЛЖАТ НА КИНА: Малдивите се на чекор до банкрот

ДРЖАВА КОЈА ТРИПАТИ БАНКРОТИРАШЕ ВО 21 ВЕК: Сега пак се во економска криза

ДРЖАВА КОЈА ТРИПАТИ БАНКРОТИРАШЕ ВО 21 ВЕК: Сега пак се во економска криза

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Американските банки стојат на цврсти темели

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Американските банки стојат на цврсти темели

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ПОЗНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД ХРВАТСКА ЗАВРШИ ВО СТЕЧАЈ - не можат да вратат околу 100 илјади евра, сите работници останаа без работа

ПОЗНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД ХРВАТСКА ЗАВРШИ ВО СТЕЧАЈ - не можат да вратат околу 100 илјади евра, сите работници останаа без работа

ОЧАЈ ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЈА МОЛАТ ЕУ: Откажете се од царинскиот удар врз Кина

ОЧАЈ ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЈА МОЛАТ ЕУ: Откажете се од царинскиот удар врз Кина

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024