Димитриевски: Акцискиот план коj го предложи Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2021
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше за предлогот кој го даде екс премиерот Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија.
Според Димитриевски, тој е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ.
„Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ. Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот"“, пишува Димитриевски.
фото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.