27 Април, 2024
0.0286

Димитриевски очекува поддршка од СДСМ за нов градоначалнички мандат, ама смета дека нема правда во земјата

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Очекува поддршка од СДСМ и се надева дека ќе му биде доверено да се трка за нов градоначалнички мандат. Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претстојните локални избори.

„Очекувам поддршка од СДСМ, таму сум од 1991 година, таму се сите мои партиски другари. Ние го победивме режимот, имаме обврска и да ја промениме Македонија во поубаво место за живеење. Јас пред 3 години излегов со програма со рокови од 2, 4 и 8 години и имам намера да ја реализирам програмата. Ќе одам во трка, ако ја добијам поддршката од СДСМ секако ќе бидам кандидат, рече Димитриевски.

Димитриевски рече дека граѓаните бараат владеење на право, а во Македонија нема и затоа се иселуваат од државата.

Граѓаните сè повеќе си одат од Македонија, и не си одат само што се погодени од социо-економскиот момент, туку првенствено се незадоволни што живеат во системи кои што не се средени, кај што нема ред, нема дисциплина и бараат владеење на право. Бараат постандардни услови живеење, бараат комунална инфраструктура и други нерешени прашања со децении, и тоа не може да се реши преку ноќ, истакна Димитриевски.

Тој вели дека не е виновен како градоначалник што Куманово во 46 села вкупно 43 немаат вода во 21 век.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“