Димитров до ВМРО-ДПМНЕ: Сакате избори на средината на јули? Повелете!
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2020
Стравот од изборен пораз, не е и не можеше да биде легитимна причина да се бега од волјата на народот.
Ова на фејсбук го напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој нагласува дека ова посебно не треба да важи за партија која постојано го узурпира и се дрзнува да зборува во името на народот.
„Како што не смееше да биде ниту легитимна причина за бојкот ‚ценкањето' дали изборите ќе бидат на 5 јули или десет дена подоцна.
Внимавајте, не зборувавме овде за немање услови за фер мегдан, за притиснати медиуми, за полиција ставена во функција на владејачките партии (полицијата впрочем ја води министер од редовите на опозициската партија), за пазарни инспектори кои се испраќаат по “непослушни” компании.
Ваква брутална негрижа за државноста, за уставниот поредок, за функционалноста и легитимноста на институциите во услови на здравствена криза е незамислива.
Не пуштај назад (читај повторно конституирање на Собранието), не пуштај напред кон избори, барај одложување, блокирај кредити потребни за справување со економските последици, разнишувај ја грижата за здравјето и санкционирањето на рестриктивните мерки, злоупотребувајќи го својот министер, а притоа обвинувај ја техничко-пржинската влада во која самиот учествуваш ...“, пишува Димитров.
Не велам, додава министерот, дека сите сектори совршено одговорија на предизвиците од пандемијата.
„Но, дали гледате за што всушност се работеше и каква беше оваа злоупотреба токму на пандемијата за државата да се држи во заложништво!? Каква врска има ова заробување на институциите со грижата за јавното здравје?
Затоа, потегот на Заев да излезе во пресрет на барањето за избори на датум по волја на опозицијата треба да се поздрави, како одговорен и државнички потег. Со тоа, останувајќи без ниту еден изговор, опозицијата конечно ќе се соочи со волјата на народот. Сакате избори на средината на јули?
Повелете!“, пишува Димитров.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.