17 Мај, 2024
0.0290

Димитров: „Мудрото“ молчење е само креирање на слика дека сме село без кучиња каде друга држава ќе си фаќа сеир

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Eкс министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека Владата во односите со Бугарија продолжува да се однесува како туѓа влада. 

Додава дека сервилноста не е мудрост во ниедна дипломатска теорија и практика, туку како што вели сервилноста е слабост. 

Актуелната политика на Софија очигледно не бере гајле за нас, за нашите чувства и за нашите неспорни права како македонски народ. Се жалат на омраза, која самите ја создадоа и сега ја разгоруваат. На сред Брисел црно на бело и без срам и перде ни го негираа и навредија јазикот, а денес во Охрид слават лик кој соработувал со Хитлер, во држава која ја стекнала својата државност низ антифашистичката борба, при толку многу вистински примери на луѓе кои можат да симболизираат заедништво, дијалог, култура и вредности. Затоа, во услови на ваква идентитетска агресија и навреда, не може да е човек и „мирен и достоинствен“. Немањето на никаква реакција е недостоинствено само по себе и само „кани“ нови понижувања – а, значи можете да трпите уште? Еве ви уште!“, вели Димитров. 

Според него, она што е најтажно е што со секое ново негирање, со секоја нова ваква провокација, оваа примитивна политика удира врз македонско-бугарското пријателство и врз европските принципи и идеали напишани во Лисабонскиот договор и не’ оддалечува како два народи се’ подалеку. Ова, вели Димитров никако не е патот кон вистинско пријателство.


„Во услови на постоење на независна и суверена македонска држава, „мудрото” молчење е само креирање на слика дека сме село без кучиња каде друга држава ќе си фаќа сеир на понижувањата направени на наша територија“, додава Димитров. 

На крајот порачува дека е многу едноставно – бидете субјект, ако сакате пријателство и бидете предмет, ако сакате поданички однос.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање