27 Април, 2024
0.0298

Димитров: Наскоро состанок за отворање нови премини со Грција

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба во Скопје со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас најави дека се очекува наскоро да се одржи првата седница на комисијата за трговски марки, како и состанок на еспертите за отворање на новите гранични премини меѓу двете земји. Димитров нагласи дека Северна Македонија смета на грчката поддршка на патот кон ЕУ и дека Преспанскиот договор веќе е дел од нашиот правен систем и мора да се почитува.

– Грција е наш стратегиски партнер, сосед и пријател. Преспаснкиот договор отвори голем потенцијал за соработка што треба да се искористи, рече Димитров.

Дендиас рече дека ставот на актуелната грчка Влада е дека спогодбата од Преспа е завршена работа и треба целосно да се импементира. 

– Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно, одговори шефот на грчката дипломатија.на новинарско прашање

Тој го изрази својот оптимизам дека Македонија нема да чека долго до отпочнувањето на преговорите со ЕУ:

Сигурен сум дека наскоро ќе ги почне пристапните преговори. Ја имате целосната поддршка од Грција. Почнувањето на преговорите ќе биде значителен чекор и тоа за Грција е значајна цел. Го разбираме разочарувањето од одложувањето, но треба да се гледа напред. Важно е да се имлементираат европските вредности, а ние нудиме целосна соработка, рече Дендиас.

Тој трева да се сретне и со премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, а потоа да отпатува и во Тирана во знак на поддршка по разорниот земјотрес во Драч.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“