20 Декември, 2025
0.1423

Димитров се извини за случајот Ел Масри

Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 16:08

Добивај вести на Viber

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров се извини за несоодветното однесување на властите во случајот на Калид Ел Масри, кој во 2004-та година незаконски беше уапсен во Македонија, и неправедно задржан и испрашуван, oбјави Гласот на Америка. 

Во писмо испратено до Ел Масри, Димитров изразил „длабоко извинување и искрено жалење“ за несоодветното однесување на властите, како резултат на што претрпел „ неизмерливи и болни искуства, тешки физички и психички повреди и болки“, соопштија Отворено општество иницијатива за правда и Американското здружение за заштита на човековите слободи.

„Го поздравуваме извинувањето до Ел Масри на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија, и нејзиното признание дека безбедносните служби ја прекршиле Европската конвенција за човекови права. Од друга страна, САД и натаму продолжуваат да одбиваат одговорност на кој било во ЦИА за овој случај“, изјави Џејмс Голдстон, извршен директор на Отворено општество иницијатива за правда, нагласувајќи дека Македонија допрва ќе отвори криминална истрага за тоа што се случило, со цел да се утврди одговорност.

И Џамил Деквор, директор на Американското здружение за заштита на човековите слободи, го поздрави официјалното извинување на Македонија, велејќи дека ова е прв чекор кон откривање на целата вистина за нелегалното киднапирање и тортура на Ел Масри.

Во 2012-та година, македонската Влада плати отштета од 60.000 евра поради прекршување на Европската конвенција за човекови права.

На 31-ви декември 2003-та година, Ел Масри беше уапсен од македонските власти на граничниот премин Табановце, по што три недели беше задржан и испрашуван во мотел во Скопје.

Во 2004-та година тие им го предаваат на американски агенти, кои го носат во таен истражен центар на ЦИА во Авганистан. По неколку месеци истрага и тортура, тој е ослободен без обвиниение.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти