29 Април, 2024
0.0301

Од Дирекцијата потврдуваат: Во зоните има проблеми со струја, вода, инфраструктура

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони секогаш ќе им помага на инвеститорите, домашни и странски, во воспоставувањето на инфраструктурата, но, за жал тоа што е уништено или запуштено со години не се поправа, вели директорот Александар Младеновски. 

Одговорот што го доби „Фактор“ следува откако бизнисменот Саво Станковиќ отворено призна дека не наишол на соработка и ажурност од службите, кои треба да ги координира Дирекцијата. Станковиќ наведе дека центарот на Хај Тек во Бунарџик, како прва домашна инвестиција во зоните, требало да биде готов во 2016-та, но наместо тоа стартувано е само пробното производство и се уште капацитетот чека за редовно да проработи.

Проценка на директорот Младеновски е дека,за разлика од претходните години, има голем напредок, но се уште постојат проблеми за кои треба време за да се надминат. 

- Истите проблеми на кои наидува господинот Саво Станковиќ, како што се проблеми со инфраструктурата, со урбанистичките планови, струја , вода, комуникации, наидовме минатата година и ние како Дирекција и наполно се сложуваме со него. Но сепак, како и останатите владини институции, напорно работиме на сите овие прашања и сме уверени дека стрпливоста, со цел да се надминат овие проблеми навистина ќе се исплати. Сигурни сме како институција дека Хај Тек (Hi-Tech Corp.), првата домашна инвестиција во слободната економска зона Бунарџик, која деновиве започна со пробно производство, многу брзо ќе стартува со редовно производтство - вели, меѓудругото, Младеновски.

- Како институција сме вклучени  во процесот на планирање, проектирање, изградба, развој и промоција на технолошоко индустриските развојни зони (ТИРЗ) како индустриски комплекси со целосно изградена инфраструктура кои ги нудат сите услови кои им се потребни на компаниите за ефективно, ефикасно и успешно работење. Како што веќе најавивме годинава продолжуваат активностите за реализација на проекти за инфраструктурно уредување на зоните во насока на обезбедување услови за влез на нови инвеститори. На пример се даде приоритет во подобрување на внатрешната инфраструктура наТИРЗ Скопје 1 и 2, на целосна изградба на водоводот за ТИРЗ Прилеп, како и клучките во ТИРЗ Прилеп и Струга. Според планираната динамика на градежните активности, улиците и приклучоците за водовод, канализација и струја би се комплетирале во текот на оваа  година. Понатаму, секако ќе се посветиме и на изградба на инфраструктура на останатите зони кои ние како Дирекција за ТИРЗ заедно со Владата ги имаме селектирано како приоритетни.  Но, за жал тоа што е уништено или запуштено со години не се поправа преку ноќ - гласи одговорот во име на Дирекцијата.

Од таму велат дека вложуваат големи напори во процесот за грижа на корисници, односно за постоечките  компании во ТИРЗ, за сите нивни потреби во секојдневното работење, во рамките на нивната законската регулатива и можности.   

- Исто така разлика помеѓу домашни и странски инвеститори веќе не постои, вратите на ТИРЗ се отворени подеднакво за сите економски субјекти за кои важат истите критериуми .Секоја компанија може да користи одреден сет на поддршка, којашто самата ќе го избере. За жал дирекцијата не е јавно претрпијатие ниту компанија за снабдување со струја или вода кои треба да одговорааат исто така на барањата на инвеститорите - се вели во одговорот на Младеновски.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи