19 Мај, 2024
0.0304

Директорот Ѓоко Котевски од „Матично во Шутка“

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Ѓоко Котевски е новиот директор на истражниот затвор Скопје кој популарно е наречен „Шутка“ бидејќи се наоѓа во скопската населба Шуто Оризари. Ѓоко Котевски е член на СДСМ од организацијата на територија на општина Бутел. Тој во август годинава беше назначен за директор на Управата за водење на матични книги орган во состав на Министерството за правда, функција која ја извршуваше до почетокот на месецов.

Котевски во имотниот лист кој го достави до Комисијата за спречување корупција има пријавено личен имот стан во Неа Каликратија, Грција од 25 метри квадратни проценет на вредност од 1,5 милиони денари, моторно возило БМВ 520 во вредност од 10 илјади евра, две девизни и две денарски штедни книшки со вредност од околу 3500 евра, како и долг за кредит од 10 илјади евра. На име на неговите родители има деловен простор, куќи во Скопје и Битола, станови во Скопје и Охрид, како и возило Мазда проценето на 500 илјади денари. 

Котевски за време на директорувањето со Управата за водење матични книги најави отворање на месни канцеларии во повеќе општини, достава на изводи по пошта, добивање на изводи во самите породилишта како дел од проектот „Добредојде бебе“ и од неговите јавни заложби водеше внимание за воведување на онлајн услуги за електронско аплицирање за изводи.

Како директор на затворот „Шутка“ ќе има задача да ги подобри условите за притворениците бидејќи оваа казнена установа е една од најзлогласените во Македонија и има полоша состојба дури и од затворот „Идризово“ во повеќе извештаи при мониторинг на домашни и странски организации за заштита на човековите права. 

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела