30 Април, 2024
0.0261

Директорот на ЦИА му се спротистави на Трамп за Русите

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп доби контра одговор од Мајк Помпео, директорот на Централната разузнавачка агенција, Мајк Помпео, кој и натаму останува на проценката на тајната служба дека руската влада преку своите служби влијаела врз претседателските избори во ноември минатата година. 

Оваа реакција на Мајк Помпео и ЦИА доаѓа откако Трамп на АПЕК самитот во Виетнам посочи дека добил одговор директно од Путин дека Русија како држава не вршела никакво мешање на изборите во САД и дека му верува на неговиот збор.

– Заклучоците на разузнавачките служби поврзани со мешањето на Русија на изборите не се променети, се вели во соопштението на ЦИА.

Да потсетиме дека назначувањето на Помпео дојде по давањето согласност од страна на Доналд Трамп, па така ова спротиставување на ставовите за прв пат дава јасна политичка порака дека ЦИА и претседателот на САД се практично на две различни страни.

Трамп вчера, од главниот град Ханој на Виетнам, рече дека има добри односи со Путин, за кој смета дека е навреден поради обвиненијата за мешање во американските претседателски избори.

Американскиот претседател рече дека Путин повторил дека не се мешал во изборите минатата година што уште еднаш ја разбесни американската јавност, особено демократите кои се обидуваат да го поврзат Трамп со руските влијанија и да го сменат од функцијата.


Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)