ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ, СКОПЈЕ СЕ ИСКАЧИ НА ОСМА ПОЗИЦИЈА ВО СВЕТОТ - веднаш зад главниот град и Тетово, Струмица, Куманово...
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2025
Македонија денеска повторно меѓу земјите со најголемо загадување на воздухот.
Главниот град во врвот, се искачи на осмото место утрово меѓу најзагадените градови. Во Скопје утрово индексот на „Ај-Кју-Ер“ веб страната се искачи на 183, и се најде веднаш по Карачи, Пакистан. На првото место се најде градот Лахор исто така од Пакистан, а по него одма Делхи од Индија. Во врвот и Конго и два града од Кина, како и Дака во Бангладеш.
Еве ја листата на најзагадени утрово.
Но, проблематично е и во други градови од земјава.Не е само Скопје загаден, туку напротив податоците на веб страната покажуваат високи индекси на загадување и во голем дел од градовите низ Македонија, како Струмица, Тетово, Битола, Кичево…
Еве колкави се индексите и во другите градови од земајва.
Натпросечни концентрации на ПМ 2,5 честичките во воздухот има и другите градови во Македонија. И во 2025 година аерозагадувањето останува еден од сериозните проблеми за решавање за секоја власт.
Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.
Фото: Фактор/Архива