Дневната шема „на кафе“ најскапо ќе ве чини во Дубровник и Будва
Објавено во: Мои пари 01 Август, 2013
Во западниот Балкан дневната шема „на кафе“ најскапо ќе ве чини во Дубровник и Будва, што е за двапати поскапо од Скопје, Сараево и Приштина, покажало истражувањето направено од новинари на агенцијата Анадолија.
Во просечно кафуле во Сараево кафето чини од 0,75 до 1 евро, сокот - 1,5 евро, минерална вода 1 евро, пиво 2 евра, а топче сладолед 0,5 евра. За просечно излегување преку ден во главниот град на Босна и Херцеговина треба да се плати од 2-5 евра. Во Приштина стандардните цени се: кафе околу 1 евро, сок 1,5 евра, пиво 1,5 евра, минерална вода 0,5 евра и сладолед 0,5 евра.
Во Скопје треба да се издвои од 1 до 2 евра, за сок околу 1 евро, пивото чини 1 до 2 евра, минерална вода 1 евро и топче сладолед 0,5 евра.
Во Белград кафето чини од 1,5 до 3 евра, сок 2 до 3 евра, пиво од 1 до 2 евра, минерална вода 1 евро и сладолед од 0,5 до 1 евра за едно топче. Просечната сметка за едно излегување изнесува од 6 до 8 евра.
Во Загреб кафето е 1,5 евра, сок 2 евра, пиво 3 евра, минерална вода 1,5 евро и топче сладолед околу 1 евро.
Во Подгорица за кафе треба да се плати 1,2 до 2 евра, за сок 2 евра, за минерална вода 1 евро, пиво за 1,5 до 2 евра и сладолед 0,6 евра.
За кафе и минерална вода во Дубровник се плаќа 3,5 евра, додека за соковите од 4 или 5 евра. Пиво чини 5 или 6 евра.
Во Будва кафе може да се испие ако се плати од 2 до 2,5 евра, за сок 2 до 4 евра, минерална вода 2 евра, за пиво 3 до 5 евра и топче сладолед 1 до 1,5 евро.