Добивај вести на Viber
Преку владина одлука донесена на последната седница, се најавуваат строги казни за одговорните на студентските домови кои ја злоупотребуваат својата позиција при распределба на студентски легла. За оние кои нема да се придржуват до утврдените критериуми, премиерот Никола Груевски им запрети со разрешување од функцијата и висока парична казна. Сп предлогот кој во понеделник треба да се достави во Собрание, казната за директорот на Студентскиот центар ќе биде од 7.500 до 15.000 евра, додека управителите на домовите кои делат легла надвор од процедурата ќе се казнуваат од 5.000 до 7.000 евра.
„Во минатите 10-20 години секоја година сме сведоци на такви информации и веројатно има вистина во тоа. Ние презедовме сериозна акција, најпрво донесовме крупни измени во законот, во кој воведовме многу јасни критериуми по кои треба директорот на Студентскиот центар и управителите на домовите да ги примаат студентите. На последната седница на Влада помина уште една измена, која предвидува сериозни парични казни за одговорните ако само едно легло се даде надвор од критериумите“, информираше Груевски.
5000 студенти аплицирале за место во студентските домови во државава во првата фаза на аплицирање. Во Скопје сместување има за 6.369 студенти во оваа академска годинава.