До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2025 10:34
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, Град Скопје ја организира манифестацијата „Украсуваме по скопски“ со цел да ги поттикне граѓаните да ги украсат своите домови и да придонесат кон создавање празнична атмосфера низ главниот град.
Како што информираат градските власти, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат и да се натпреваруваат за најкреативно и највпечатливо новогодишно украсување може да се пријават на телефонскиот број: 3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот, до 23 декември 2025 година.
Фотографиите од украсените домови или дворови, заедно со податоците за сопственикот, контакт-телефон и адреса, може да се испраќаат и на e-адресата: kabinet.nastani@skopje.gov.mk или по пошта, на адреса: бул. „Илинден“ бр. 82, со назнака за манифестацијата „Украсуваме по скопски“.
Град Скопје и годинава ќе ги избере најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан и најубави раскази од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и писмените творби на средношколците.
Град Скопје ќе обезбеди соодветни награди за најуспешните учесници во сите категории, а доделувањето на наградите ќе се одржи на крајот од декември 2025 година.
- Да го украсиме Скопје, секој дом, секоја тераса, секое срце. Да ја донесеме празничната магија во секој дом!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата
Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година
ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени
„Сарај започнува од нула. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“: ВРЕДИ со поддршка за градоначалникот Елмази
ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ЗАКОПАНО ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО НЕГОТИНО: Постои сомнение дека е жена која била пријавена за исчезната и противправно лишена од слобода
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“
Градежно изградено земјиште за зграда, оружје: Што пријавил Максим Димитриевски во Антикорупциска
МИЛОШОСКИ СМИРУВА: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
БРАВО, СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Е НЕПРЕПОЗНАТЛИВ: Докторот Лазаров објасни какви се последиците при возење со 40 и 50 километри на час




