11 Декември, 2025
0.0410

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 14:19

Добивај вести на Viber

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Сашко Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 - годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. 

Поради повредите добиени во несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишниот малолетник. 

Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека со полесни повреди се здобил сопатникот на Јанчев.

Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи се уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.


Тие изразуваат сомнеж дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. 

Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.  


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?