20 Декември, 2025
0.5817

ДО КАДЕ СТИГНАВМЕ: Државна гинекологија веќе неколку месеци бара донации, сметката им е пак блокирана

Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 10:08

Добивај вести на Viber

„Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти", е мотото на кампањата на Клиниката за гинекологија во Скопје. Преку телефонски броеви на мобилните оператори граѓаните може да донираат пари за работата на оваа болница финансирана од буџетот. 

Од болницата се огласија со информација дека парите ќе бидат употребени за доопремување на она што е потребно за квалитетна работа. Од понеделникот сметката на Гинеколошко-акушерската клиника е блокирана за 410.000 евра по основ на тужбени барања од семејства кои биле оштетени.

Станува збор за случај од 2008 година кога неколку бебиња останале слепи поради ненавремено дијагностицирање на ретинопатија. Тогаш одговорните велеа дека немало протокол за посета на очен лекар на новороденчиња.

Во однос на кампањата за донации и негативните реакции на родители по социјалните мрежи од Клиниката за гинекологија и акушерство соопштија дека клиниката собира донации преку специјални телефонски линии и дека здравјето на пациентите не е загрозено.

„Донаторската кампања е започната уште на 17 Ноември 2017-та година, на Светскиот ден на предвреме родените бебиња и ќе трае до ноември годинава. Потенцираме дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема. Клиниката за гинекологија и акушерство има обврска на операторите, каде што се слеваат донациите, да им приложи фактури и извештаи за купената опрема.

Со донациите од хуманите граѓани, општествено одговорните компании или од заинтересирани поединци, Клиниката за гинекологија и акушерство ја обезбедува потребната медицинска опрема, чијашто набавка со расположливиот буџет би се одвивала можеби со позабавено темпо“, соопштија од ГАК.

Коментарите по социјалните мрежи се сведуваа на тоа дека не е етички да се бараат пари од граѓаните за јавна здравствена установа, финансирана од буџет, од граѓаните на Република Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти