03 Мај, 2024
0.1474

До кога ќе ги бркаме луѓето од земјава?

Објавено во: Колумни 22 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Неверојатно е колку многу Македонци во текот на годината, а посебно во летната сезона одат да работат во странство, во потрага по корка леб. Колку родители не си ги гледаат децата, и обратно колку деца  растат без присуство на еден од родителите. Се изненадив кога во хотелот во кој престојував во Грција речиси целиот персонал беше од Македонија. Момент кој навистина не трогна беше, жената што чисти, таа кога скокаа и се бркаа нашите деца а ние се обидувавме да ги смириме, за да може да работи и дојдоа солзи на очите и ни рече ,,Нека скокаат и јас имам вакви индијанци дома  и тоа тројца на 7, 12 и 15 години,,..Може да се случи 5 месеци во годината да бидам во Грција. Се враќам само за да го регулирам  престојот. Со тешка воздишка ни се довери дека тешко и е, особено за најмалото дете, но мора да се работи, зошто кај нас нема леб, со години била невработена или работела за мизерна плата. Готвач, келнери, собарки, домар па дури и на рецепција работеше по некој наш. Над 10-тина Македонци работеа само во овој хотел, а не информираа дека во местото има многу повеќе. Иако нема официјални податоци за нивниот вкупен број, процените се дека 50-70.000 Македонци во летна сезона работат во Грција. За нив одлична прилика да заработат, многу повеќе за еден месец, отколку истата сума да ја добијат за неколку месеци работа во Македонија. А дури и со таа плата нашите луѓе се поевтина работна сила од  Грците, кои одбиваат да работат секаква работа . А дека бројот на наши кои работат во странство е преголем, потврда се и статистичките податоци кои покажуваат колку големо учество имаат девизните дознаки во Бруто домашниот производ (а можеме само да претпоставивме колку средства во кеш по овој основ се внесуваат). Тоа значи дека некој кој работи во странство, испраќа пари во Македонија за издржување на неговото семејството. А колку девизните дознаки се зголемуваат тоа значи дека е се поголем и бројот на луѓе кои работат во странство, повремено или постојано. Факт кој е поразителен за домашната економија, потврда дека дома нема доволно слободни работни места, ниту пак такви кои се добро платени. Индустриски капацитети создаваат многу мала вредност, креираат производи кои се неконкурентни, и кои не можат да се борат ниту на домашниот пазар, а не пак на странските. Увозот расте, извозот опаѓа, притоа расте трговскиот дефицит, расте вкупниот долг на државата, а богами и сиромаштијата. Пак како да се враќаме на раните години од минатиот век кога крајната сиромаштија ги тераше луѓето на печалба во далечните Австралија, Јужна и Северна Америка како и на други места во светот. Причина за ова се и сегашните инстант феудалци или т.н. транзициони богаташи кои во спрега со политичарите, со својата лакомост и желба за уште поголемо богатење, придонесуваат кон оваа тенденција. Тие користат ситуациja кога нема вистински синдикат, нема реален пазар на труд и институции кои ќе го заштитат работникот. Жална е сликата кога некој оди на работа за само 9000 денари, а сопственикот купува јахта и вила на Егејско море, и троши 15.000 денари само за една вечера. Па како се збогатил тој? Да бидеме реални со чесна работа не се прават милиони евра за само 5 до10 години. Државата треба да престане да кумува со тие олигарси, и да почне да се грижи за обичните граѓани оние кои најтешко ја поднесуваат секоја криза. Социјалната помош, ваучери за таблети, или други бесплатни работи никогаш не придонесуваат кон развој, тоа се еднократни трошоци кои се чиста пропаганда. На луѓето им е потребна работа, можност нешто да научат и тоа да го применат во пракса, но пред се да ги задржиме дома, во Македонија да творат и да создаваат! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина