07 Декември, 2025
0.1407

До здраво срце во само шест чекори!

Објавено во: Стил 17 Декември, 2014 19:06

Добивај вести на Viber

Здравото срце се смета за темел на здрав живот. Ние ви нудиме шест едноставни работи кои може веднаш да почнете да ги правите како вашето срце и понатаму би продолжило здраво да чука.

Вежбање

Секој ден вежбајте по еден час. Барем еден час. Ако сте презафатени, поделете го времето на неколку помали делови. На пример наутро може 20 минути да шетате до работа, а после работа 20 минути дома истегнувајте се. Не мора да одите во теретана, бидејќи иако чистите по дома, ативни сте и вие и вашето срце.

Исхрана

Здравата исхрана е нешто до што мора да се придржувате ако сакате здраво срце. Редовно во исхраната мора да имате вклучени житарици, овошје и зеленчук, а додајте и протеини кои може да ги најдете во  белка од јајце, грав и мешунки.

Пушење

Пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања дури до три пати. Пасивното пушење го зголемува тој ризик за 30 посто. Затоа, престанете да пушите. И запаметете, се поголем број истражуувања докажуваат дека електронските цигари и тие без никотин се еднакво штетни. Секој пат кога посакате да запалите, свртете си го вниманието со нешто друго и напијте се вода или сок.

Стрес и депресија

Овие две зла секојдневно директно влијаат на здравјето на вашето срце. Ако сте под стрес, тоа остава последици на вашето срце, а истовремено ве поттикнува на пушење, пиење алкохол и нездраво хранење. Пробајте јога или медитација, или пак читајте и слушајте релаксирачка музика.

Дебелина

Дебелината е уште еден фактор кој влијае на срцето. БМИ (Body mass index)над 25 е опаснен, па е важно да одржувате здрава телесна тежина. Вишокот на килограми го става срцето под притисок, па тоа мора повеќе да работи како телото би фукнционирало нормално.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: