ДОБИВКА – РЕНО ТВИНГО прославена со настан пред Капитол Мол
Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2015 18:51
Денес пред Капитол Мол во Скопје, Државна лотарија на Македонија додели автомобил ТВИНГО на добитник кој е верен играч на инстант лоатријата – ТВИНГОМАНИЈА.
Во чест на Петре Рунески денес пред Капитол Мол беше организиран настан на кој беа добредојдени и сите минувачи кои можеа да ја слушнат неговата среќна приказна со порака дека секој треба да верува во својата среќа, но и да знае што точно посакува.
Петре, ведар човек со позитивен пристап, посакувал да добие Твинго и редовно купувал инстант лозови Твингоманија. По некогаш купувал и други видови лозови, но знаел дека дека токму Твингоманија го има неговиот посакуван автомобил. Неодамна купил два лоза од различни среќни места во Скопје, двата ги зачувал и ги изгребал по четири дена, а потоа уште толку денови молчел за добивката, сакајќи на сите од своето семејство на заедничка средба и во еден миг да им ја соопшти убавата вест.
На денешниот настан пред Капитол Мол, Петре го придружуваа членовите на семејството од кои најрадосни и највозбудени беа убавите внучиња, кои додека траеше настанот си игра во и околу автомобилот, што беше прекрасна глетка за сите присутни.
Клучевите ги предаде Марјана Станојковска која заедно со нашиот најнов член на семејството добитници на сите им порача верба во среќата со порака да им дадат шанса на своите ситни пари да им донесат голема добивка.
Само за потсетување, со лозот ТВИНГОМАНИЈА на играчите на Инстант лотаријата им овозможува на лесен, забавен, и евтин начин да дојдат до 1 од 40те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,000 денари. Цената на лозот е 40 денари. Уште многу автомобили ги очекуваат своите среќни сопственици.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете







